Почина архиепископот Анастасиј кој ја заживеа Албанската православна црква

Албанскиот архиепископ Анастасиј почина на 95-годишна возраст денеска рано наутро. Тој беше примен во болница во Тирана на 30 декември поради вирусна инфекција, но на 3 јануари со грчкото воено воздухопловство беше пренесен во Атина.

Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија, Анастасиос во 2000 година беше кандидат за Нобеловата награда за мир по препорака на Академијата во Атина. Ја оживеа Албанската православна црква и имаше значајно мисионерско, општествено и книжевно дело.

Роден е во Пиреја на 4 ноември 1929 година. Своите постдипломски студии по историја на религии, етнологија, мисии и африканологија ги продолжил на универзитетите во Хамбург и Марбург, Германија (1965-69), со двете последни години од студиите како добитник на престижната стипендија на Германската фондација Александар фон Хумболт. Дипломирал на Богословскиот факултет на Националниот универзитет во Атина (1970).

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?