Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

САД ги прошири санкциите против Додик и неговите соработници заради план за отцепување на Република Српска

Во образложението за санкциите се наведува и дека минатата година Додик им наредил на група членови на СНСД да развијат план за отцепување на Република Српска од Босна и Херцеговина, пишува денеска Ал Џезаира.

Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД стави на црна листа неколку лица од Босна и Херцеговина за организирање на прославата на неуставниот „Ден на Република Српска“ и за поддршка на финансиската мрежа на Милорад Додик.

Во образложението се наведува дека пет лица биле ставени на црна листа бидејќи му помогнале на семејството на Милорад Додик да се збогатат на сметка на јавни средства. Дополнително, санкционирани се осум лица поради организирање на прославата, што ја направиле по инструкции на Додик. Меѓу санкционираните се и актуелниот министер за внатрешни работи Синиша Каран и претседателот на Уставниот суд Џерард Селман.

Во образложението за санкциите се наведува и дека минатата година Додик им наредил на група членови на СНСД да развијат план за отцепување на Република Српска од Босна и Херцеговина. Од американското Министерство за финансии велат дека санкционираниот Каран бил меѓу лицата кои го подготвиле планот.

Милорад Додик ги оцени санкциите бесмислени и лицемерни од страна на администрацијата во заминување и очајнички обид да се нанесе штета, да се дестабилизира Република Српска и да се наметне унитарен концепт на БиХ, спротивно на волјата на српскиот народ.

Зачлени се на нашиот е-билтен