Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Заев, Шекеринска и Маричиќ се учесници на овогодинешната Корчуланска Школа

На 25 и 26 август 2023 година во Корчула ќе се одржи дванаесеттата Корчуланска Школа.

Корчуланската Школа е реномирана регионална тинк-тенк организација од Југоисточна Европа која се фокусира на прогресивни и социјалдемократски политики за промовирање на родовата еднаквост. Корчуланската Школа ее дизајнирана да биде единствен политички, идеолошки, слободен простор за размислување за суштинска и напредна размена на мислења за критичните идеолошки и политички прашања за трансформација на политиката за промовирање родова еднаквост, а оваа година на школата доминираат дебатите за научените лекции и искуства од балканските војни од деведесеттите и актуелните кризни ситуации во регионот, кои може да бидат важни во контекст на војната во Украина и нејзиниот крај.

Панелите на школата се обмислени за  пристапот на социјалдемократијата и родовата перспектива на овие прашања.

Оваа година организаторите на „Корчуланската Школа“ ги собраа лидерите на политички партии и здруженија на граѓанското општество кои ги споделуваат социјалдемократските вредности, како и членови на други прогресивни движења од Југоисточна Европа/Западен Балкан и други европски земји.

На овогодинешното издание како панелисти и модератори од Северна Македонија на школата се поканети поранешниот премиер на Северна Македонија Зоран Заев и поранешната министерка за одбрана на Северна Македонија Радмила Шекеринска и вицепремиерот во владата на Северна Македонија задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

Дводневната програма на Корчуланската Школа 2023 ги вклучува и поранешниот премиер на Шведска Стефан Лофвен и поранешната министерка за надворешни работи на Шведска, Ен Линде, како и поранешниот министер за одбрана на Шведска Бјорн фон Сидов, генералниот секретар на Групата на социјалисти и Демократите во Европскиот парламент Антони Беумер, министерката за надворешни работи на Словенија Тања Фајон и други високи претставници на партии и граѓански организации од Европа и регионот.

Во фокусот на Корчуланската Школа е политичката, економската, социјалната и културната соработка во регионот, како и предизвиците и реакциите во поширокиот контекст на социјалдемократската и прогресивната политика, како и взаемната поддршка на земјите од Западен Балкан во процесот на пристапување во Европската Унија.

Овогодинешната школа е организирана во соработка со Меѓународниот центар Олоф Палме, Фондацијата за европски прогресивни студии (FEPS) и Европскиот форум за демократија и солидарност (EFDS). Во историјата на Корчуланската Школа, како нејзини учессници се запишани Јирген Хабермас, Херберт Маркузе, Ерих Фром, Анри Лефевр, Алфред Џ, Ејер и многу други.

Зачлени се на нашиот е-билтен