Македонските борачи донесоа три медали од Медитеранските игри во Таранто – две сребрени и една бронзена медалја, со што борењето засега е најуспешниот спорт за македонската делегација на Игрите.
Фати Вејсели освои сребро во категоријата до 74 килограми во слободен стил. Во финалната борба беше поразен од Ислам Дудаев од Албанија со 0:4. До финалето Вејсели стигна со три победи, меѓу кои и полуфиналната против Турчинот Јасин Јесил со 5:3.
Сребрен медал освои и Реџеп Хајдари во категоријата до 97 килограми. Тој претходно во полуфиналето го совлада Французинот Адлан Висханов со 3:2 и обезбеди место во борбата за златото.
Третиот медал го донесе Ахмад Магомедов во категоријата до 86 килограми. Во борбата за бронза тој убедливо го совлада Италијанецот Габриеле Николини со 10:0, со технички туш.
Со две сребра и една бронза македонските борачи ги освоија првите три медали за Македонија на Медитеранските игри „Таранто 2026“.
Македонија на Игрите настапува со околу 90 спортисти во 19 спортови, а натпреварувањата во Таранто продолжуваат до 3 септември.

