Кратко траеше престојот на Новак Ѓоковиќ на мастерс турнирот во Синсинати, САД, откако загуби од Тиаго Тиранте со резултат 2:1во сетови.
Откако го доби првиот сет со 6:2, Ѓоковиќ имаше проблеми со дишењето и почна да се мачи поради големата влажност во Синсинати, па во еден момент се доведе во ситуација да повраќа и да паѓа на колена на теренот.
Србинот изгледаше целосно грогирано и го загуби својот сервис во вториот сет, а потоа Тиранте отсервира мирно и со 6:4 успеа да израмни на 1:1.
Во тие моменти не беше сигурно дали Новак ќе го доигра мечот, но паузата за тоалет позитивно влијаеше врз Ноле и тој успеа да се врати доста подобро на теренот.
Ѓоковиќ делуваше посвежо и покрај тоа што не беше во најдобар ритам, па во такви услови пружи голема борба во третиот сет, во кој сепак потклекна во финишот. До 4:4 се играше неверојатно израмнето, но Тиранте тогаш направи брејк, а потоа со свој почетен удар отсервира за 6:4 и го елиминираше Новак уште на стартот на Синсинати по два часа и 44 минути игра на централниот терен.
