Катастрофален е преносот на финалето на Светското првенството во фудбал. Проблемите се од техничка причина, но никако не се за оправдување, особено зашто се работи за финалниот меч, круната на Мундијалот на кој гледачите требаше да уживаат во преносот.
Едноставно, за време на целото прво полувреме, осван не почетокот на церемонијалниот дел, немаше тон или беше со сериозни технички проблеми и побеќе претставуваше пречка за следењето на натпреварот.
Ракциите се бројни. Еве само дел од нив.


На почетокот на второто, коментаторите соопштија дека добиле огромен број негативни пораки и рекоа дека се обиделе да ги решат техничките проблеми.
Но, како што почна натреправот повторно нема тон од атмосферата, додека коментаторите се слушаат без проблеми.
Сепак, тоа е далеку од нивото на значењето на најважниот спортски настан во светот.
