19 куќи изгореле во пожар во Англија

Противпожарната служба на Западен Мидлендс објави дека двата пожари што уништија 19 домови во Стурбриџ, град западно од Бирмингем, Англија, биле случајни. Причината била употребата на земјоделска механизација на блиските полиња, јавува Би-Би-Си .

Истражителите утврдиле дека земјоделска механизација се користела во близина на полињата кратко пред да биде пријавен првиот пожар. Првиот избувнал на поле во близина на Рејскорс Лејн на 13 август околу 13:27 часот, а вториот започнал кратко потоа на поле во близина на Квори Парк Роуд.

Шефот на противпожарната служба, Сајмон Тухил, изјави дека сака да потврди дека пожарите не се подметнати бидејќи биле погодени толку многу луѓе. Тој потврди дека станува збор за несреќа. „Додека истрагата за сите околности продолжува, сакавме да ги споделиме новите информации што е можно поскоро. Се надевам дека ова барем ќе им помогне на луѓето да разберат што се случило во еден исклучително топол и тежок ден“, рече Тухил.

Обем на штета и други пожари

Покрај 19-те целосно уништени куќи, уште 18 згради беа оштетени бидејќи пожарот брзо се проширил низ тревата и шумата. Инцидентот во Стурбриџ се случи на најжешкиот ден од годината во Велика Британија. Метеоролошката служба регистрираше дека температурите во некои делови од земјата достигнаа 38,1 °C.

Истиот ден избувнаа уште неколку пожари во регионот Западен Мидлендс во централна Англија. Болничарите лекуваа вкупно 54 пациенти, од кои 19 беа однесени во болница. Во други инциденти, околу десетина куќи беа изгорени во Бирмингем, четири во Стоук на Трент, три во Першор и три во Виленхол. Причините за повеќето од овие пожари сè уште се истражуваат, но за оној во Стоук на Трент беше потврдено дека е предизвикан од скара.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали вашето семејство приготвува ајвар?