За Октоберфест ноќевање во Минхен стигна до 4.600 евра

Октоберфест не е скап само поради пивото. Во Минхен, за време на најголемиот пивски фестивал во светот, цените на сместувањето драстично скокаат, а за најбараните датуми хотелска соба може да чини и неколку илјади евра.

Според актуелните податоци за Октоберфест 2026, цените на хотелите во периодот на фестивалот се движат три до пет пати над вообичаеното ниво, зависно од локацијата и категоријата.

Еден пример особено ја покажува разликата: хотелска соба во Минхен која вообичаено чини околу 110 евра, за ноќта на отворањето на Октоберфест достигнала средна цена од 419 евра.

Кај луксузните хотели цените се уште повисоки. За таканаречениот „Италијански викенд“, петѕвездените хотели во близина на централната железничка станица се нуделе за околу 1.500 до 4.600 евра за ноќ.

Сличен скок има и кај краткорочните изнајмувања. Според AirDNA, за првиот викенд на фестивалот просечната дневна цена на краткорочно сместување достигнала 210 евра, што е 12,2 отсто повеќе од истиот период лани. Пополнетоста била 80,9 отсто.

И становите се под силен притисок. За време на целиот фестивал, за одредени апартмани се бараат и илјадници евра, додека истиот тип сместување надвор од сезоната може да биде неколку пати поевтин.

Октоберфест годинава се одржува од 19 септември до 4 октомври, а минатогодишното издание го посетиле околу 6,5 милиони луѓе. Цената на литар пиво годинава е меѓу 14,80 и 15,90 евра.

За посетителите, значи, најголемиот удар по џебот не е само во пивската кригла – туку и во креветот по фестивалската ноќ.

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?