Болнички персонал се обидел да дојде до приватните медицински досиеја на Кејт Мидлтон

The Princess of Wale Kate Middleton
The Princess of Wale Kate Middleton

Во клиниката каде што принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, имаше операција, е покрената истрага поради тврдењата дека персоналот се обидел да пристапи до нејзините приватни медицински досиеја, пишуваат денеска британските медиуми.

Најмалку еден член на персоналот се обидел да пристапи до белешките на Кејт додека таа била пациент во приватната лондонска клиника во центарот на Лондон во јануари, според The Mirror. Принцезата беше примена во болница на операција на абдоменот на 16 јануари.

Сето ова се случува кога кралскиот персонал за односи со јавност подготвуваат планови за „меко враќање“ на принцезата во јавниот живот за време на Велигденскиот викенд.

Кејт не преземала никакви официјални ангажмани или не била во очите на јавноста по успешната процедура на нејзиниот стомак во јануари и нема да се врати додека целосно не закрепне.

Според лондонски Тајмс, оретставници на палатата разговарале со Кејт за можноста таа да оди до црква во недела на Велигден за да им се придружи на другите членови на семејството на годишната Велигденска утрена служба што се одржува во капелата Свети Џорџ во Виндзор.

Треба да знаете
Moже да ве интересира