Во Холандија евтанизирано дете од една година, имало неизлечиви оштетувања

женско

Првото неизлечиво болно дете е евтаназирано во Холандија откако законот за потпомогната смрт беше проширен на деца, а според новите податоци, малото моралo да помине низ невидени голготи на само една година возраст. Овој случај ја бранува меѓународната јавност бидејќи станува збор за најмладата личност во светот која е подложена на ваква процедура по законските измени. Министерството за здравство претходно потврди дека случајот се случил кон крајот на минатата година, додека новото комисиско истражување ги потврди деталите за тешката здравствена состојба.

Детето било родено предвремено во 26-тата недела од бременоста, што предизвикало сериозни компликации, меѓу кои и опсежни оштетувања на мозокот и постојани инфекции кои во раниот период довеле до сепса.

Веќе на осуммесечна возраст му бил дијагностициран редок и тежок облик на епилепсија познат како Вестов синдром, како и церебрална парализа. Поради честите напади, малото дете се соочувало со нарушувања на спиењето, респираторни проблеми и неможност за нормално функционирање и развој.

Во стручниот извештај се наведува дека во текот на целиот краток живот на детето не е забележан никаков развој или медицинско подобрување. Секој аспект на моторните вештини и однесувањето бил тешко нарушен, а лекарите и семејството констатирале дека тоа трпи неиздржливи болки без никакви изгледи за опоравување.

По долготрајни консултации меѓу родителите и специјалистите, донесена е одлука за прекин на маките со медицинска помош, што отвори нови дебати во европската јавност за границите и етиката на педијатриската евтаназија.

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?