Катаклизма во Кина: Лизгање на земјиштето затрупа куќи, има мртви и исчезнати

лизгање

Најмалку едно лице загина, а 11 се водат како исчезнати откако лизгање на земјиштето предизвикано од обилни дождови го погоди градот Гаопинг во округот Сечуан, во кинеската покраина Џангси, соопштија локалните власти.

Околу четири часот наутро по локално време, лизгањето на земјиштето затрупа неколку згради и оштети 12 куќи, додека спасувачките екипи беа испратени на местото на несреќата, објави кинеската државна телевизија CCTV.

Обилните дождови предизвикани од тајфунот Саудел и студениот фронт во претходните денови доведоа до поплави во округот Сечуан, заробувајќи ги жителите.

Патиштата се урнаа, а работата на клучните јавни служби беше сериозно отежната.

Лизгањето на земјиштето во Гаопинг е најновиот во низата смртоносни инциденти предизвикани од екстремните временски услови во Кина во последните месеци, особено во планинските области.

Тајфунот Саудел, осумнаесеттиот тајфун во Кина оваа година, стигна до копно по трет пат во четврток, во округот Џангпу (во градот Џангжу во покраината Фуџијан).

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дата центри - дали сте информирани, дали поддржувате?