Кремљ: Средба Трамп-Путин-Зеленски е можна само за формализирање на договорот

Песков
Kremlin.ru, CC BY 4.0 , via Wikimedia Commons

Средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски и украински колега, Доналд Трамп и Володимир Зеленски, „е можна само заради формализирање на договорот“, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој реагираше на веста објавена претходно денес од американскиот портал Аксиос дека директорот на Американската централна разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Ратклиф, наводно предложил трилатерален состанок меѓу Трамп-Путин-Зеленски за време на неодамнешната посета на Москва.

„Овие договори во никој случај не се едноставна трансакција. Тоа е многу сложен процес на решавање, кој вклучува многу детали. И, секако, е сосема непотребно претседателите да се состануваат за да го спроведат сето ова. И сепак, токму конкретното решение на конфликтот е она кон што украинската страна не сака да се стреми“, додаде Песков.

Американските медиуми, The Wall Street Journal и телевизијата CBS објавија дека Ратклиф неодамна отпатувал во Русија за да се сретне со шефот на руската служба за надворешно разузнавање, Сергеј Наришкин, со цел „да испрати предупредување до Русија против каков било напад врз земјите од НАТО“.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали вашето семејство приготвува ајвар?