Најмалку 21 лице загина во експлозија во магацин за пиротехника

Најмалку 21 лице загина во експлозија проследена со пожар во голем магацин за пиротехника во Западна Индија.

Шест лица се повредени во експлозијата што се случи во државата Гуџарат, објави агенцијата ПТИ и други индиски медиуми, повикувајќи се на локалните власти.

Повеќето од жртвите биле работници во зградата. 

Соопштено е дека во магацинот можеби нелегално се складирале и произведувале пиротехнички средства.

По инцидентот, уапсен е сопственикот на објектот и почна истрага за причините за експлозијата. 

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?