Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Од почетокот на војната во Украина загинале над 90 илјади руски војници

Рускиот сервис на Би-Би-Си и интернет порталот Медиазона објавија дека во војната во Укрина изминативе три години загинале над 90 илјади Руси.

Медиумите овие информации ги базираат на податоци од отворени извори, како што се официјални изјави, некролози и објави на социјалните мрежи. Москва ретко ги коментира своите воени загуби во она што го нарекува „специјална воена операција“.

Како што објавија медиумите, 23 отсто од убиените руски војници потпишале воени договори по почетокот на инвазијата во 2022 година, а над 50 отсто од нив немале врска со руската војска или Националната гарда (Росгвардија) пред војната.

Просечната возраст на загинатите руски војници во 2024 година е 36 години, што е зголемување во споредба со првите две години од војната. Помеѓу загинатите се истакнува дека  23 отсто биле војници доброволци, 17 отсто биле војници со договор, 17 отсто биле осуденици, 11 отсто биле мобилизирани војници и речиси 3 отсто биле приватни платеници.

Западните и украинските разузнавачки агенции проценуваат дека вкупните руски загуби – вклучувајќи загинати, ранети и исчезнати – се меѓу 600.000 и 700.000 до октомври. Сепак, некои сметаат дека овие проценки се значително зголемени.

Зачлени се на нашиот е-билтен