Папата: Загрижен сум за трендовите во општеството како што се сурогат мајчинството, еутаназијата…

Папата

Папата Лав денес цврсто го повтори противењето на Католичката црква на иницијативите за асистирано умирање за време на посетата на Франција, два месеци откако земјата, по години интензивна дебата, законски им го додели правото на смрт на луѓе со неизлечиви болести.

Првиот американски папа не го спомена конкретно новиот француски закон, на кој жестоко се спротивставија локалните католички бискупи, но во говорот во Елисејската палата ги критикуваше она што ги нарече „потфати насочени кон профит“, како што се сурогат мајчинството и законите за асистирано умирање.

„Цврсто повторувам дека заштитата на правото на живот претставува неопходна основа на секое друго човеково право“, рече Папата во обраќањето до францускиот претседател Емануел Макрон и други политичари.

Тој, исто така, го критикуваше сурогат мајчинството.

„Понекогаш сум загрижен за трендовите во општеството кои се закануваат да ја претворат науката и технологијата во потфати ориентирани кон профит, промовирајќи генетска манипулација, сурогат мајчинство, трговија со човечки органи или можноста некое лице да одлучи за сопствената смрт“, рече тој.

Сурогат мајчинството е забрането во Франција, иако највисокиот суд во земјата пресуди дека децата родени преку сурогат мајчинство во странство треба да бидат признати во Франција како деца на родителите кои се одлучиле за постапката.

Тој, исто така, се осврна и на вештачката интелигенција.

Папата Лав X денес, во својот прв говор за време на посетата на Франција, го повика светот повторно да размисли за развојот на вештачката интелигенција. Тој предупреди дека вештачката интелигенција може да создаде иднина во која „рајот на машините“ ќе ја преземе контролата врз Земјата.

„Ако сакаме да избегнеме губење на нашата човечност среде „рајот на машините“ што продираат и го условуваат нашиот секојдневен живот, итно е потребно образование за етичко расудување и способност за препознавање на моралното добро“, рече папата Лав во говорот во Елисејската палата.

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Распад на општествените системи какви што ги знаеме 633 (49%)
49 %
Поголема невработеност 243 (19%)
19 %
Помош во секојдневниот живот 211 (16%)
16 %
Развој на нови индустрии и работни места 209 (16%)
16 %

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Распад на општествените системи какви што ги знаеме 633 (49%)
49 %
Поголема невработеност 243 (19%)
19 %
Помош во секојдневниот живот 211 (16%)
16 %
Развој на нови индустрии и работни места 209 (16%)
16 %