Повеќе од 200 пациенти беа евакуирани од Специјализираната болница Багаеи во Ахваз, јужен Иран, по американските воздушни напади во близина на објектот, објавија денес болничките службеници.
Директорот на болницата, Реза Буазар, изјави дека објектот е ставен надвор од функција поради нападот, објави новинската агенција Фарс.
Според достапните информации, нема жртви меѓу пациентите и персоналот.
Менаџерот на болницата, Маџид Буазар, изјави за Ал Џезира дека 211 пациенти морале итно да бидат префрлени на други локации.
„Меѓу нив имало пациенти со рак, како и луѓе поврзани на кислород и вентилатори. Областа околу болницата била силно бомбардирана“, рече Бузард.
Според него, евакуацијата била спроведена во вонредни услови, а меѓу пациентите имало луѓе во инвалидски колички, со инфузии и семејства со деца кои морале да ја напуштат болницата по ударот, пренесува Танјуг.
