Прва средба на шефовите на дипломатиите на Германија и Русија од почетокот на војната во Украина

Орбан
Olaf Kosinsky, CC BY-SA 3.0 DE , via Wikimedia Commons

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул се сретна со својот руски колега Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Станува збор за први директни билатерални разговори на ниво на министри за надворешни работи меѓу Германија и Русија од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година. Иако претставници на двете држави во изминатите години учествуваа на исти меѓународни собири, официјална средба меѓу шефовите на дипломатиите немаше.

Според портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, разговорот бил побаран од германската страна. Средбата била одржана во просторија во седиштето на ОН што ја обезбедила руската делегација.

Засега не се објавени детали за темите за кои разговарале Вадефул и Лавров, ниту дали средбата резултирала со конкретни договори или иницијативи.

Разговорот доаѓа во период на затегнати односи меѓу Берлин и Москва и во услови на продолжување на дипломатските напори за завршување на војната во Украина. Двајцата министри престојуваат во Њујорк по повод заседанието на Генералното собрание на ОН.

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?