Русија се потпира на криптовалути за трговија со нафта

Русија користи криптовалути во трговијата со нафта со Кина и Индија за да ги заобиколи западните санкции, објави Ројтерс повикувајќи се на четири извори со директни информации за ова прашање.

Некои руски нафтени компании користат биткоин, етер и стабилни криптовалути како Tether за да ја олеснат конверзијата на кинески јуани и индиски рупии во руски рубљи, велат изворите. Ова е мал, но растечки дел од вкупната руска трговија со нафта, која минатата година беше проценета на 192 милијарди долари, според Меѓународната агенција за енергија.

Русија веќе има воспоставено повеќе системи за забиколување на санкциите, а USDT (Tether) е само еден од нив, вели петти извор, истражувач во фирма која ги следи крипто-трансакциите поврзани со санкции. Руската централна банка не даде коментар за Ројтерс, но претходно призна дека санкциите предизвикуваат значителни одложувања во плаќањата.

Традиционалните валути и натаму доминираат во руската нафтена трговија, но криптовалутите стануваат се попопуларни поради брзината и ефикасноста на трансакциите. Една руска нафтена компанија, на пример, секој месец обработува крипто-трансакции вредни десетици милиони долари, велат изворите.

Зачлени се на нашиот е-билтен