Украински агент кој носел бомба е уапсен денес во метрото на Санкт Петербург, објави руската безбедносна служба (ФСБ).
Агентот наводно имал намера да постави бомба под вработен во одбранбената индустрија, пренесува Интерфакс.
- Кај осомничениот е пронајдена и запленета импровизирана експлозивна направа преправена како GPS тракер. За време на сослушувањето, уапсениот објаснил дека извршил нелегални дејствија во замена за паричен надоместок добиен во крипто паричник – се вели во соопштението, што го пренесува Танјуг.
Осомничениот е 21-годишен руски државјанин кој контактирал со украинските разузнавачки служби.
Тој им обезбедил картографски и геодетски податоци добиени на неговото работно место, а исто така и надгледувал персонал во одбранбената индустрија во Санкт Петербург и регионот Ленинград.
