Три лица загинаа во експозија во близина на ресторан во Москва

Москва

Рачно изработена бомба што ја носела жена уби три лица и повреди најмалку 21 лице синоќа во експлозија во близина на ресторан во центарот на Москва, соопштија властите.

Експлозијата се случила кратко пред 20:00 часот, во близина на италијански ресторан лоциран во еден од седумте московски облакодери од периодот на Сталин, на плоштадот Кудрин, соопшти полицијата.

Рускиот национален антитерористички комитет соопшти дека неидентификувана жена се обидела да влезе во ресторанот, но била спречена од обезбедувањето, објави државната новинска агенција РИА, објави Гардијан.

Како што е објавено, жена, обезбедувач и гостин на италијанскиот ресторан Балзи Роси загинале во експлозијата што следела.

Полицијата соопшти дека повредените се здобиле со повреди со различен степен на сериозност. Руската државна новинска агенција РИА објави снимки од тешко вооружени полицајци и безбедносни служби на местото на експлозијата, кое било опколено и затворено за јавноста.

Властите не ги објавија имињата на загинатите и повредените, ниту пак објавија за кого веруваат дека може да биде одговорен за нападот.

„Дневни лист Комерсант“ се повикува на свои извори кои тврдат дека бомбата имала намера сериозно да повреди и убие гости на летната тераса на ресторанот, која се наоѓа на отворен простор.

Весникот наведува дека е можно експлозивната направа да била активирана од далечина и дека жената што ја носела можеби не знаела дека станува збор за бомба.

На веб-страницата на ресторанот беше наведено дека објектот бил затворен вчера поради приватен настан.

Најчитано