Зеленски: Подготвени сме за прегововори за крај на војната; Воведена вонредна состојба во Крим и Севастопол

Зеленски
EPA/93RD MECHANIZED BRIGADE /

На 1625. ден од војната, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Киев изразил подготвеност за можни средби на лидерско ниво со Русија и разговори за завршување на војната, но рече дека и Москва мора да направи чекор кон тоа. Руската администрација во Крим и Севастопол одлучи да прогласи регионална вонредна состојба со цел да ги реши економските проблеми.

Украина изрази подготвеност за можни средби на лидерско ниво со Русија и разговори за завршување на војната, но и Москва мора да направи чекор кон тоа, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во петок наутро, Русија изврши нова серија напади со беспилотни летала врз цивилни и инфраструктурни цели во Украина, во близина на речната граница со Романија, објави романското Министерство за национална одбрана.

Руската администрација во Крим и Севастопол одлучи да прогласи регионална вонредна состојба со цел да ги реши економските проблеми.

Заменик-командантот на украинскиот полк на беспилотни системи „КРАКЕН“ Константин Немичев предупреди дека Украина би можела да ги таргетира „центрите за донесување одлуки“ во Белорусија, доколку Русија, заедно со белоруските сили, се обиде да започне нова офанзива преку белоруска територија.

  • Десет лица повредени во напад со беспилотно летало врз Волгоград, оштетена е фабрика

Десет лица се повредени, а производствените капацитети на една компанија се оштетени во напад со беспилотно летало врз Волгоград, објави утрово губернаторот на Волгоградската област, Андреј Бочаров.

Според него, дел од фабриката во областа Краснооктјабр е оштетен, додека сите повредени се пренесени во здравствени установи за да се процени сериозноста на повредите, објави Интерфакс.

„Лекарите првично објавија дека нема повреди опасни по живот“, рече Бочаров.

Гувернаторот додаде дека локалните пожари предизвикани од нападот се изгаснати и дека нема пријавено штета на станбени згради.

Руските власти го припишуваат нападот на Украина, а досега нема коментар од украинска страна.

Најчитано