Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Амбасадите на САД и на Обединетото кралство во Москва уште пред деесеттина дена предупредиле за можни терористички напади

Амбасадата на САД во Москва
Амбасадата на САД во Москва

Амбасадите на САД и Обединетото Кралство во Русија, уште пред две недели објавија предупредувања за „непосредни планови“ за терористички напади во Москва во деновите што следуваагт, повикувајќи ги граѓаните во главниот град да останат будни и да избегнуваат големи толпи само неколку часа откако руската служба за безбедност тврдеше дека спречила обид за напад на московската синагога од страна на Исламска држава, објавија Си-еН-еН и други светски агенции.

Во предупредувањето на американската амбасада биле истакнато дека „ги следи извештаите дека екстремистите имаат непосредни планови да таргетираат големи собири“ во рускиот главен град, вклучително и концерти.

Амбасадата ги повика граѓаните на САД „да избегнуваат големи собири“ во Москва во следните два дена.

Амбасадата, исто така, ги советуваше Американците „да бидат свесни за својата околина“ и да ги следат локалните медиуми за ажурирања.

Во известувањето не се дадени дополнителни детали за природата на потенцијалниот напад или за осомничените екстремистички сторители.

Британската амбасада во Москва и Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство го објавија предупредувањето од САД на својата веб-страница и на социјалните мрежи, повикувајќи ги британските државјани да не патуваат во Русија.

Треба да знаете
Moже да ве интересира