Бајден на митинг во Северна Каролина го нарече Путин „касап“

 На митинг синоќа во Северна Каролина претседателот на САД Џо Бајден предложи намалување на здравствените трошоци во САД и зголемување на данокот за богатите Американци од 8,2 до 25 отсто, аргументирајќи дека тоа е можност за значајно пополнување на федералниот буџет во наредните десет години.

-Замислете што би можеле да направиме со тоа, изјави тој. „Би можеле фундаментално да го намалиме федералниот дефицит… Би можеле да направиме толку многу последователни работи како и тоа конечно да се осигураме да ја згрижиме Украина од тој касап Путин“, рече претседателот на САД.

Бајден и претходно не штедеше зборови за рускиот претседател и изјави дека тој смета дека Путин е убиец и „луд кучкин син“ кој се заканува со нуклеарни бомби. 

На митингот синоќа Бајден настапи заедно со потпретседателката Камала Харис. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира