Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи во својата порака по повод Денот на планетата Земја, истакнува дека „посветеноста на „Зелената“ агенда е поголема од кога и да било досега“.
– Целосно сме посветени на намалување на загадувањето, намалување на емитувањето на стакленичките гасови, зазеленувањето на нашата економија, на намалување на нашата зависност од фосилни горива со фокусот на поефикасно користење на енергијата и во индустрискиот и во станбениот сектор, укажува вицепремиерот Битиќи, и дополнува дека Владата „започна голем инвестициски циклус за позелена иднина, обновливи енергетски извори и истражување на повеќе опции за снабдување со енергија“.
Вицепремиерот Битиќи, задолжен за координација на економските ресори нагласува дека пред партнери на Владата во ЕУ се поднесени унапредениот „Национален придонес за климатските промени“, Стратегијата за развој на енергијата и другите национални стратегии и планови усогласени со пристапниот процес на ЕУ.
– Одговорноста да ја заштитиме планетата Земја е наша, ни припаѓа на сите нас, одговорно се грижиме сите ние, бидејќ немаме резервна планета, пишува во пораката на заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, по повод Денот на планетата Земја.