Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бројот на жртвите во терористичкиот напад во Москва се зголеми на 115

Истражниот комитет на Русија денеска соопшти дека бројот на жртвите во терористичкиот напад во Москва се зголеми на 115, објави Рускиот истражен комитет на својот канал „Телеграм“.

Бројот на повредени во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во Москва се зголеми на 145, соопшти Министерството за здравство на Московската област.

Нападот се случи кога неидентификувани маскирани вооружени лица синоќа отворија оган во концертна сала „Крокус“ во Красногорск, административен центар на московската област. Терористичката група Исламска држава (ИСИС) ја презеде одговорноста за нападот во Русија, се вели во кратката изјава објавена од новинската агенција Амак, поврзана со ИСИС, на Телеграм. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира