Дали со куќниот притвор на Асмир Пуцко Петрол излегува на виделина, договорот ВМРО ДПМНЕ – ДУИ, за поддршката на законските измни со кои се воведоа нови и се реорганизираа дел од постоечките министерства. Новото парламентарно мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди (ВЛЕН) и ЗНАМ, со поддршка од пратеници од Европскиот фронт предводен од ДУИ на седица која траеше до доцна во ноќта ( се гласаше околу 2:30 минути после полноќ) со 88 гласа „за“ и 22 „против“ беа изгласани плус четири нови министерства.
Само неколку месеци подоцна, после полициска акција, под сомнителни околности од државата избега високиот функционер на ДУИ, Артан Груби.
Во таа насока, СДСМ денеска ја отвори дилемата како повторно кога од ДУИ нема притвор, овојпат за Асмир Пуцко Петрол, чиј татко е пратеник од редовите на ДУИ, наместо во притвор, заврши дома.
Од СДСМ, му порачаа, како што велат, ‘ДПМНЕ подобро е да молчи кога станува збор за Пуцко Петров и за Ратко Капушевски. Јавноста знае дека тоа е бизнис изроден во времето кога ДПМНЕ и ДУИ беа коалиција. СДСМ веќе и соопшти дека институциите и општините кои се раководени од ДПМНЕ имаат склучено 170 договори токму со Пуцко Петров, ова се тие документи’.
„СДСМ секако дека ја поддржува истрагата и очекува целосно расветлување на случајот но ДПМНЕ треба да одговори на уште едно прашање, како тоа кога е обвинет некој од ДУИ нема притвор, исто како што беше случајот со Артан Груби“, велат од СДСМ.
Во меѓувреме под притисок на јавноста не стивнуваат меѓусебните обвинувања на Обвинителството за гонење на организиран криминал и Кривичен, за тоа кој го стави Асмир Јахоски во куќен притвор, од групата инволвирана во шемата за снабдување на ТЕЦ Неготино со токсично гориво, Обвинителството денеска бара да се преиспитаат фактите. Завчера судот соопшти дека самото обвинителство се согласило за мерката куќен притвор. Додека денес, под притисокот на јавноста за ова одвојување на Јахоски од мерката притвор, обвинителството се согласи да ги отвори доказите кои доведоа до оваа мерка, без разлика дали станува збор за негов пропуст или на судот.
Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, соопштуваат дека поднеле претставка ‘поради суштинска повреда на одредбите од кривичната постапка и побара од Кривичниот совет да ги преиспита фактите содржани во претставката, но и одлучувачките факти врз основа на кои е донесено решението за мерката куќен притвор’.
Од Кривичниот суд велат дека се очекува Советот да одлучи во наредните 3 дена. Според вчерашниот став, пак, судот соопшти дека се земени предвид фактите дека Јахоски се грижел за 4 деца, има оформени јаки односи со државата, како и фирми со многу работници. Исто така, неговата здравствена состојба се влошувала, што го оправдал со соодветната документација.