Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ден на добри дела за прв пат во Македонија

Младинскиот културен центар-Битола (МКЦ-Битола), како една од водечките волонтерски организации во нашата земја, го иницираше, координираше и организираше првиот Ден на добри дела во Македонија, со различни активности. 

Денот на добри дела е меѓународен ден на волонтерска и хуманитарна работа што започнал да се прославува од 2007 година, како иницијатива на непрофитна организација и има за цел да ги обедини луѓето од целиот свет да прават добри дела за другите жители на планетата. Во 2024 година во оваа глобална волонтерска и хуманитарна иницијатива беа вклучени повеќе од 110 земји во светот. Повеќе информации на глобалната веб страна: https://www.good-deeds-day.org/

Во нашата земја беа реализирани вкупно 11 волонтерски акции со директно вклучување на повеќе од 250 волонтери и повеќе од 750 корисници/учесници. Преку објавите и написите на социјалните и традиционалните медиуми, неколку десетици илјади луѓе беа запознати со активностите на Ден на добри дела на национално ниво.

Денот на добрите дела во Македонија промовираше солидарност, волонтирање и помагање на ранливите и маргинализираните групи во општеството преку директно вклучување на волонтерите во правењето добро во нивните локални заедници. Корисници на нашите акции беа ученици од основните училишта, жени жртви на семејно насилство, стари лица, лица со посебни потреби, матуранти од семејства корисници на социјална помош или од семејства со самохрани родители, болнички пациенти и други граѓани со потежок социјален и економски статус.

Денот на добри дела 2024 беше национална акција во 7 градови со поддршка и соработка на партнерите на МКЦ-Битола: АДИ Гостивар, Паблик/Лице в Лице Скопје, Организација на жени на општина Свети Николе, СППМД Кавадарци, Станица ПЕТ Прилеп и Ротари клуб Битола-Широк сокак.

Треба да знаете
Moже да ве интересира