Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Дерала на Клан ТВ: Државно финансирање на политичките кампањи во медиумите е отворена легализирана корупција на медиумите

–ЦИВИЛ како организација беше дел од работната група за изборни измени. Тоа беше една долга комплексна задача која ја спроведуваат многу ентитети – и институции и невладини организации. Беше предводена од правниот експерт и поранешниот претседател на ДИК, Новаковски и тоа беше шест-седум месечна активност на сите што учествувавме во работната група, истакна претседателот на ЦИВИЛ Џабир Дерала во гостувањето во ТВ Клан Македонија, зборувајќи за измените во изборниот закон.

Тој истакна дека партиите во последен момент, во март изгласаа изборни измени.

„Ние имавме огромен документ со многу добри решенија кои беа целосно согласно препораките на ОДИХР и со препораките на ЦИВИЛ, МОСТ, ИНКЛУЗИВА и други низ годините, а само две или три препораки беа имплементирани. Една од тие препораки кои не се имплементираа се однесува на државното финансирање на политичките кампањи. Се работи за државно финансирање на политичките кампањи во медиумите кое вакво какво што е è отворена легализирана корупција на медиумите“, истакна Дерала.

Тој нагласи дека вака како што е сега секоја партија може со вашите пари да појде во ДИК и да каже – јас ги сакам овие и овие медиуми дајте им ги нив парите, бидејќи тие се мои медиуми. И затоа имате поларизирани медиуми – имате пари кои се слеваат во одредени медиуми кои после тоа „нормално“ ќе навиваат за вас, рече Дерала

„Предлогот на ЦИВИЛ беше да се исфрли државното финансирање, партиите да си прават кампања со свои пари, со спонзори, членарини и други начини.

Не стои образложението дека ова е добро зошто државата има контрола врз парите за финансирање. Вие ако сакате да ги контролирате парите имате Финансиска полиција, УЈП, Државен завод за ревизија,, Антикорупциска комисија и други институции кои можат тоа да го следат и да го санкционираат ако има грешки“, потенцира Дерала.

Треба да знаете
Moже да ве интересира