Поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање (АР) Виктор Димовски реагираше на документарниот филм на АР по повод денот на основањето.
Еве ја реакицијата на Димовски во целост, објавена на неговата Фејсбук страбица.
Деновиве на веб страната на Агенцијата за национална безбедност е постиран линк со документарен филм за историјата, сегашноста и иднината на безбедносната служба, подготвен по повод 1 Септември, денот на основањето кој воедно е и Ден на Агенцијата.
Она што паѓа во очи е фактот што авторите “пропуштиле” да го споменат Извештајот на групата на високи на ЕК предводена од Рајнхарт Прибе од 8 јули 2015 година. Токму тој Извештај и Препораките од истиот за системските прашања за владеењето на правото поврзани за следењето на комуникациите откриени во пролетта во 2015 година беа основата за чекорите за реформа на тогашниот безбедносен систем и формирањето на АНБ!
Игнорирањето на вака клучни факти не служи на чест на актуелното раководство на Агенцијата и е уште една лоша порака кон НАТО сојузниците и кон ЕУ во време кога од ден на ден нашата земја е се подалеку од ЕУ интегративниот процес.

