Дрон навлегол во воздушниот простор на Бугарија

Романија

Беспилотно летало утрово во 8:10 часот навлегло во воздушниот простор на Бугарија, соопшти бугарскиот премиер Румен Радев по денешната седница на Советот за безбедност при Владата.

Дронот потоа експлодирал во близина на границата со Бугарија

По инцидентот, Радев свикал вонредна седница на Советот за безбедност, на која присуствувале клучни претставници на бугарските безбедносни и државни институции.

На состанокот биле присутни министрите за внатрешни работи, надворешни работи, одбрана и финансии, началникот на одбраната, како и претставници на ДАНС, ДАР и ДАТО.

Засега нема официјални информации за потеклото на дронот, неговата цел или колку време се задржало во бугарскиот воздушен простор.

Надлежните институции продолжуваат со проверките, а повеќе детали за инцидентот се очекуваат по завршувањето на истрагата.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ѝ верувате на водата од вашиот водовод?