ЕУ го продолжи режимот на санкции поврзани со БиХ до март 2026 година 

 Советот на ЕУ денеска одлучи да го продолжи режимот на рестриктивни мерки кон лица кои со своите постапки ги загрозуваат суверенитетот, интегритетот и безбедноста на Босна и Херцеговина за уште две години до 31 март 2026 година, јави дописникот на МИА од Брисел. 

Со ваквата одлука Европската Унија ќе може да воведува санкции кон поединци или субјекти кои ги поткопуваат суверенитетот, територијалниот интегритет, уставниот поредок и меѓународниот карактер на Босна и Херцеговина и кои сериозно ја загрозуваат безбедносната состојба во земјата или го поткопуваат Дејтонскиот мировен договор. 

На санционираните опфатени со овој режим им е замрзнат имотот во ЕУ и е забрането да им се ставаат на располагање средства, а дополнително на физичките лица им се збранува влез во Унијата. 

Одлуката за воведување режим на рестриктивните мерки поврзани со ситуацијата во Босна и Херцеговина е донесена на 21 март 2011 година. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира