Во анализата на Институтот за економски истражувања Фајнанс тинк се изразува загриженост за зголемувањето на дефицитот во ребалансот на буџетот.
,,Проширувањето на буџетскиот дефицит е целосно застранување од патеката на фискална консолидација”, пишува, во анализата.
Политичките ветувања во периодот пред изборите што се одржаа порано годинава, навестуваа дека за нивното остварување е потребно Значителното проширување на фискалниот простор, што сега се огледува во 44%, но зголемување на буџетскиот дефицит е очекувано со оглед на предизборните ветувања, како што е пример линеарно зголемување на пензиите од 2.500 денари во септември 2024, односно вкупно 5.000 денари заклучно со март 2025, нотира Фајненс тинк.
,,Со линеарното септемвриско усогласување, трошокот за пензии е скоро двојно поголем од редовното усогласување на пензиите со трошоците на живот и просечната плата, и тоа го притиска новопроектираниот продлабочен дефицит”, пишува во анализата.
Во анализата се укажува дека со предвидениот ребаланс, развојната компонента на буџетот не само што не се зајакнува, туку таа и дополнително ослабува.
,,Во оваа насока, потребна е структурна промена во буџетирањето и во политиките на владата во претстојниот среднорочен период”, се констатира во анализата на Фајненс тинк.