Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Генералка викенд – еколошка акција на Мен енд маунтен заедно со Пакомак и Пивара Скопје

Од 17- ти до 19- ти мај, по четврти пат, ќе се одржи најголемата еколошка акција Генералка викенд, во организација на Мен енд маунтен, заедно со главните стратешки партнери Пивара Скопје и Пакомак.

Оваа година ќе се чисти во сите 81 општина и во националните паркови Шар Планина и Галичица. Повеќе од 16.000 волонтери од над 200 организации, граѓански, спортски и пензионерски здруженија и од повеќе од 300 образовни институции се очекува да излезат и да чистат на над 300 локации.

Волонтерите од Пивара Скопје во петок, на 17 мај, ќе собираат отпад на археолошкиот локалитет Кале заедно со сите партнери и волонтери од Град Скопје.

За Пивара Скопје, оваа акција е дел од нивната долгорочна стратегија за одржлив развој, и е продолжение на активностите под платформата „Свет без отпад“ и иницијативата „Нула емисии на СО2 во атмосферата“.

За секои 10 кг собран отпад, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со Националните шуми, посветуваат по 1 дрво во нивните годишни планови за пошумување. Од 2022 година поради Генералка викенд беа засадени повеќе од 100.000 дрвја.

Треба да знаете
Moже да ве интересира