Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Германскиот претседател повика на поблиски врски меѓу Африка и Европа

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ги повика земјите од Африка и Европа да поблиску да соработуваат за да го зголемат своето влијание во светот.

– Посилни сме кога дејствуваме заедно, рече Штајнмаер на денешниот ручек пред лидерите од бројни африкански земји кои дојдоа во Берлин на самитот организиран од германската влада.

– Ќе носиме тежина на светската сцена само ако зборуваме во еден глас за нашите континенти секаде каде што е можно, особено ако ние како Европска унија и Африканска унија дефинираме и спроведуваме заеднички позиции, рече тој.

Според копија од неговиот говор во кој имала увид ДПА, Штајнмаер рече дека земјите од Европа и Африка не треба да се дефинираат според нивните разлики, туку според она што им е заедничко.

– Во меѓународната заедница, силите кои се подготвени да го бранат меѓународниот поредок мора да застанат заедно. И јас сум убеден дека Африка како континент има клучна улога овде, нагласи германскиот претседател. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира