Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Градските власти на Чачак за два месеци потрошиле 80.000 евра од буџетот по кафани

Виолета Марковиќ, потпретседателката на Градскиот одбор на Народната партија во Чачак, објави фактури според кои градските власти во текот на декември и јануари потрошиле околу 80.000 евра од градскиот буџет во кафеани, јави Бета.

Марковиќ на прес-конференцијата рече дека ги добила сите фактури според Законот за пристап до информации од јавно значење и дека од тие документи се гледа дека градските раководители трошеле по 150.000 динари дневно во кафеани за 62 работни дена.

 „Декември имаше 23 работни дена, а тие поминаа 21 работен ден, според тие фактури, седејќи во кафеана и правејќи сметки од по 50.000 динари. Од вкупно издадени 114 фактури за храна во ресторани за два месеци, 50 фактури биле за сумите поголеми од 50.000 динари За шест дена во кафеана потрошиле четири милиони динари или околу 35.000 евра колку што чини стан или помала куќа“, изјави Марковиќ.

Таа рече дека градските власти нарачале половина тон скара за повеќе од половина милион динари за верската слава Свети Никола – на 19 декември. Марковиќ ги прашала градските власти во Чачак кој порачал половина тон месо за Свети Никола, кој го јадел и кој платил.

Според неа, претприемачкиот дуќан, каде што е нарачана половина тон скара за Св.Никола и за прославата на Св Стефан, на 9 јануари издала фактури за нарачаната скара во вредност од над 400.000 динари.

„За две слави, за два дена, таа претприемничка продавница направи две фактури за милион динари, за 700 килограми мешано месо“, рече Марковиќ.

Таа додаде дека меѓу издадените фактури имало и такви фактури од ресторанот „кој е забранет за работа и на кој му е исклучена струја, работи на струја, на агрегат“, а кој издал фактура за нарачана скара во износ од 50.000 динари.

Марковиќ оцени дека тешко дека градските власти ги потрошиле тие пари од градскиот буџет за кафеани и дека најверојатно има „матрица за вадење пари“.

 „Тоа јасно се гледа од 30-те фактури кои се поголеми од 100.000 динари. Меѓу нив има и фактури од ресторанот, кој само во декември издал 21 фактура, кои се меѓу 40.000 и 50.000 динари“, рече Марковиќ

Зачлени се на нашиот е-билтен