Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ИДФ: Од 800 уапсени во болница Ал-Шифа, 480 се членови на Хамас и Исламски џихад

 Израелската армија (ИДФ) денеска објави дека од околу 800 уапсени за време на воената операција во болницата Ал-Шифа во градот Газа, потврдено е дека 480 се членови на екстремистичкиот Хамас или Исламски џихад.

Во време кога продолжува оваа операција, почната пред речиси една недела, ИДФ успеа да ги лоцира инфраструктурата и оружјето на неколку екстремистички организации, го пренесува Бета тврдењето на израелската армија.

Во меѓувреме, израелски воени авиони нападнаа 65 цели во северниот и централниот дел на Појасот Газа, што требаше да го поддржи маневрирањето на копнените сили.

Меѓу другото, погодени се и тунел за напад и згради во кои се собираат оперативците.

Во нападот врз Кан Јунис гаѓано е врз собиралиште на оперативци, а на северот во Беит Ханун погодена е зграда, за која се наведува дека претставува закана за војниците.

Во центарот на Газа, припадниците на бригадата Нахал убија неколку вооружени членови на Хамас.

Таа бригада нападна и лабораторија за производство на дронови во центарот на Газа и таму уби неколку вооружени лица.

На југот, неколку вооружени Палестинци беа убиени од снајпер, инженерите уништија ракетен фрлач, а авион нападна инфраструктура на екстремистичка организација, објавија израелските медиуми.

Министерството за здравство во Газа денеска соопшти дека од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври минатата година убиени се најмалку 32.226 Палестинци, а 74.518 се ранети. 

Министерството додаде дека во изминатите 24 часа загинаа уште 84 Палестинци, додека 106 се ранети.

Зачлени се на нашиот е-билтен