ВИДЕО: Инцидент во косовскиот парламент, Курти беше гаѓан со јајца

Претседателот на Движењето Самоопределување и вршител на должноста премиер Албин Курти беше гаѓан со јајца за време на денешното продолжение на прекинатата конститутивна седница на Собранието на Косово.

Кога Курти повторно побара дополнително време за консултации, пратеничката на Алијансата Тимеа Кадријај фрли јајца кон него.

Ова доведе до прекин на седницата и влегување на телохранителите на Курти во салата.

Претседателот Авни Дехари најави дека пратениците ќе бидат информирани подоцна кога ќе продолжи седницата.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ѝ верувате на водата од вашиот водовод?