Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Иран: САД не сакаат прекин на огнот во Газа

 Иранските власти денеска ја обвинија администрацијата на Соединетите Американски Држави дека не е искрена и сериозна во однос на предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Насер Кенани изјави дека неодамнешниот израелски напад врз бегалскиот камп Нусејрат во Газа, во кој, според палестинските власти, беа убиени неколку стотици палестински цивили, е „сурово и нехумано злосторство“.

– Има информации дека американските и британските сили имале улога во оваа операција. Тоа значи дека во операцијата биле убиени повеќе од 700 невини Палестинци, рекол Кенани.

Зачлени се на нашиот е-билтен