Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Италијанската економија во четвртото тримесечје од 2023 година забележа квартален раст од 0,2 отсто

Италијанската економија забележа раст за 0,2 отсто во четвртото тримесечје од 2023 година во однос на претходниот квартал, во согласност со претходната прелиминарна проценка, соопшти денеска Италијанскиот национален институт за статистика (Истат).

„Домашната финална потрошувачка е намалена за 0,9 отсто во однос на претходниот квартал, додека бруто фиксните инвестиции се зголемени за 2,4 отсто, увозот за 0,2 отсто, а извозот за 1,2 отсто“, наведува Истат.

Во четвртото тримесечје од 2023 година, италијанската индустрија забележа квартален раст од 1,1 отсто, додека земјоделството забележа квартален пад од 0,3 отсто, а услугите за 0,5 отсто.

Италијанската економија порасна за 0,6 отсто во четвртиот квартал од 2023 година во споредба со истиот квартал од 2022 година.

Треба да знаете
Moже да ве интересира