Изложба „Патина на љубовта“ на Синиша Новески во галерија „Метаноја“

В четврток, 15 февруари, во 19 часот, галеријата „Метаноја“ во соработка со „Балканскиот институт за вера и култура“ ја отвора изложбата „Патина на љубовта“ на Синиша Новески.

-Скулпторот Синиша Новески со овој избор на дела за изложбата „Патина на љубовта“ зборува со уметнички јазик за животот и за љубовта како главен двигател. Соочувајќи се со неговите четиринаесет скулптури и „исчитувајќи“ го поттекстот на творештвото на Новески може да се заклучи дека тој го разбира животот како „патина на љубовта“, а неговиот уметнички израз е посветен на „претставување“ и толкување на оваа најголемо животно „таинство“, вели д-р Коста Милков за изложбата.

Синиша Новески

На изложбата ќе се обрати рецензентот д-р Коста Милков, директорката на Галерија „Метаноја“ м-р Нада Милкова и авторот на делата Синиша Новески.

Изложбата ќе трае до 6 март 2024 г.

Треба да знаете
Moже да ве интересира