Измените на Изборниот законик полека се финализираат

Работната група за реформи во изборното законодавство денеска ја одржа  единаесетта  седница на која беа разгледани преостанатите отворени прашања и предлози за измени и дополнувања на Изборниот законик, во насока на исполнување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР .

Членовите на Работната група разменија мислења по доставените предлози од политичките партии , при што беше констатирано дека значителен дел од решенијата се усогласени и има висок степен на консензус, информираат од Министерството за правда

Оттаму, додаваат дека во согласност со заклучоците од денешната седница, Министерството за правда ќе ги подготви и достави предлог-одредбите кои произлегуваат од усогласените решенија.

„Политичките партии се повикани најдоцна до петок, по електронски пат, да се произнесат по доставените текстови со цел финализирање на предлог-законот и негово навремено доставување“ се вели во соопштението од Правда.

Најчитано