Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Каселакис до Мицотакис: Зошто молчеше додека ВМРО-ДПМНЕ на изборите тераше кампања со слоганот „Твоја Македонија“?

Седум прашања за различни теми, меѓу кои и за учеството на ВМРО-ДПМНЕ на изборите под името „Твоја Македонија“, му постави лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку социјалните мрежи, а во пресрет на денешната прес – конференција на Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Прашањата се однесуваат на железничката несреќа кај Темпи, на цените на производите во Грција и нивното ДДВ, на рекламите на Нова демократија, на скандалот со прислушувањата, но и на името под кое коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ учествуваше на парламентарните избори.

-Што направи кога ВМРО, која исто како и Нова демократија ѝ припаѓа на Европската народна партија, на изборите во Северна Македонија учествуваше со коалицијата на партии под името „Наша Македонија“? Го покрена прашањето пред некој од неговите соговорници? Испрати некое писмо до господинот Вебер, до госпоѓата фон дер Лајен или молчеше пред провокацијата?, Каселакис, меѓу другото го праша Мицотакис.

На крајот од објавата лидерот на СИРИЗА изрази надеж дека ќе се најдат новинари кои прашањата ќе му ги постават на Мицотакис или дека грчкиот премиер ќе биде информиран дека тој лично му ги поставува.

По завршувањето на прес-конференцијата на Мицотакис што се одржа на островот Крит, во пресрет на европските избори на 9 јуни, Каселакис одново ги постави прашањата и одново барајќи одговор од грчкиот премиер. 

Зачлени се на нашиот е-билтен