Киев за американската помош – лош ден за Путин, Москва – поразот на Украина е неизбежен

Лош ден и лоша вест за Путин, напиша украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на социјалната мрежа Х, коментирајќи го американскиот пакет помош за Укарина вреден 61 милијарда долари, што вчера го одобри Претставничкиот дом на Конгресот на САД.  Кремљ, пак, оцени дека „нема причина за славење“ и оти „поразот од Украина е неизбежен“. 

Заменик постојаниот претставник на Русија во ОН, Дмитриј Полјански изјави дека Киев ќе претрпи пораз и покрај новата американска помош, јави ДПА. Тој верува дека парите од новиот пакет американска помош за Киев „ќе бидат ставени во џеб“ и „десетици илјади Украинци ќе одат на мелница за месо“.

Според Полјански, „нема причина за славење“, а „поразот од Украина е „неизбежен“.

ДПА ја пренесува и изјавата на премиерот на Украина Денис Шмигал на социјалната мрежа Фејсбук дека 50 милијарди долари од 61 милијарда долари, ќе бидат потрошени за украинската одбрана. Според него, тоа значи повеќе оружје за Украина, вклучувајќи системи со долг дострел и за противвоздушна одбрана. Уште 7,8 милијарди долари ќе одат во државниот буџет на државата, за обнова на важната инфраструктура, посочува Шмигал.

Треба да знаете
Moже да ве интересира