Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Книжевна наслада за читателите во Софија со романот „Чиј беше Јон“ на Рефет Абази

На 4 април 2023 година во КИЦ на РСМ во Софија се одржа промоцијата на книгата „Чиј беше Јон“ од Рефет Абази. Делото е објавено на бугарски јазик како издание на „КВЦ“.

Во присуство на претставници од дипломатскиот кор, претставници од софиските културни кругови, како и многубројни гости и пријатели на КИЦ во Софија, пред присутните се обратија д-р Сашко Насев, од името на КИЦ на РСМ во Софија, и Н.Е. Агнеза Руси Поповска, од името на Амбасадата на РСМ во Софија.

Книгата ја промовира Красимира Цонева, која е преведувач и издавач на литературното дело. Авторот Рефет Абази се обрати кон присутните и одговараше на прашања од публиката.

Рефет Абази понесен од исклучителниот прием кај публиката одржа емотивен говор за неговиот роман инспириран од семејствиото и традициите, писателски изведен во манир на внатрешен монолог.

Н.Е. Агнеза Руси Поповска во име на Амбасадата им се заблагодари на бројните гости и на КИЦ што го промовира делото на Рефет Абази, а промотерката Красимира Цонева го посочи исклучителното задоволство во преведувањето и приопштувањето на романот „Чиј беше Јон“, опишувајќи го како книжевна наслада.

„Чиј беше Јон“ е роман за животот, кој е сплет од страдања, радости и грижи кои го придружуваат човекот и го градат како личност. Книга за љубовта и традициите, за односот меѓу генерациите и пренесувањето на моралните и духовните вредности, и длабоко човечка приказна фокусирана околу еден млад човек кој се бара себеси.

Рефет Абази (Тетово, 1964 година) е македонски актер, писател, драматург и педагог. Добитник е на многу награди како театарски и филмски актер со незаборавни улоги.

Зачлени се на нашиот е-билтен