„ВМРО прави опструкција и цело време се обидува да шири лажни вести помеѓу граѓаните и наместо да направат нешто свое тие ги превземаат проектите од страна на СДСМ и си ги кажуваат веќе реализираните проекти како свои – што е случај со градинките коишто се изградени од страна на министерството за труд и социјална политика, а градоначалниците на ВМРО си ги додаваат како дел од нивните програми’’ – рече Колева, пратеничката од СДСМ во „Студио 10’’ на ТВ 24.
Колева додаде дека ВМРО не ги поддржа законите за македонскиот јазик, ниту ја гласаа стратегијата за еднакви права и дека тие ја враќаат државата наназад и шират лаги помеѓу народот, но народот ги препознава нивните подли политики.
Пратеничката рече дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ застанала против граѓаните при гласањето за тн. Француски предлог, кога наместо да избират подобар живот за граѓаните тие свиреа и довикуваа кон претседателката на Европската комисија.
„Неконзистентноста во нивните ставови – ја враќа државата назад, Мицкоски изјави дека карамболот во собранието од страна на левица бил договорен со СДСМ, за истата вечер тој да даде изјава дека е во коалиција со нив – навистина дегутантно и подмолно ‘’ – додаде Колева.