Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Костадиновска-Стојчевска: Доктор на наука на етнологија до 2019 година имал плата од 23 илјади денари сега има плата од 63 илјади, платата во културата е повисока за 52 отсто

„Доктори на науки, конкретно на етнологија, коишто до 2019 година имаа плата од 23 илјади денари, сега имаат плата која што надминува повеќе од 62 -3 илјади денари“, посочи министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во интервју за ТВ21.

Таа доаде дека тоа на некои им пречи, бидејќи се навикнати платите да се покачуваат по телефон.

„Затоа јас и при презентирањето на партиската програма кажав дека културата со СДСМ е слободна и никој пвеќе со неа не може да манипулира, а најмалку може да манипулира со вреднување на нивниот труд“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Костадиновска-Стојчевска во интервјуто нагласи дека е вратено достоинството на културните работници со плати поголеми за 52 отсто

„Она што го промовиравме пред неколку дена во однос на изборната кампања е дека продолжуваме онаму не сакам да речам застанавме туку она што го предвидовме како мерки за граѓаните и оние предизборни ветувања кој што ги имавме во 2020 година кој што можам да кажам на наше големо задоволство ги остваривме уште и пред да влеземе во трка за нов мандат а тоа се повисоки плати, повисоки пензии, повисока минимална плата, повисока просечна плата“, рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска за ТВ21

Таа додаде дека во секторот култура е вратено достоинството на културните работници и платите се зголемени за 52 отсто.

„Платите во сектор култура се загарантирани морам да кажам со еден од најдобрите колективни договори можеби во регионот и сакам да ги уверам сите по однос на сите реакции кој што доаѓаа на моменти тие реакции можеби беа оправдани кој што беа подгреани со некоја друга позадина дека ниту едни покачување во секторот култура што се случи ќе биде занемарено, ниту некое покачување ние во министерството ќе го избегнеме, туку се она што следува по поние одредби по кој што се пресметува платата ќе биде запазено, и тоа ќе биде направено согласно закон согласно колективните договори“, нагласи Костадиновска-Стојчевска.

Министерката додаде дека ниту еден раководител на културна установа ниту еден ракоиводител на правен сектор ниту еден раководител за сметководсвено работење ниту во установите ниту во министерство за култура е донесен на свршен чин да треба да се плаши за она што го работи.

Треба да знаете
Moже да ве интересира