Костадиновска Стојчевска: Градежните активности продолжуваат, Универзална сала ќе се изгради

„Додека не излезе Обвинителството со своите наоди, би сакала да не излегуваме во јавност со никакви шпекулации. Да ги сочекаме наодите на стручните лица. Тоа што се случи во универзалана сала за жал една девастирачка слика за сите. И за мене како министерка за култура и за вработените во министерството за култура кои поминавме еден процес на 2 годишно убедување со градската власт во Град Скопје за да ја препознаат важноста од тој објект да не седи отворен, да не биде оставен на забот времето, тој објект да не ги претрпува сите оние атмосферски промени што ги претрпи. И после еден долг процес на негодување, на неодговарање на нашите повици беше навистина поразително повторно од одредени причини, од непостапување на градските власти да го видиме она што го видовме“, рече министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска одговарајќи на новинарско прашање.

Министерката изрази уверување до македонската јавност, дека после завршувањето на овој процес градежните активности ќе продолжат и универзална сала ќе се изгради и ќе биде вратена на скопјани.

„Ние предвидовме дека реконструкцијата на Универзална сала ќе заврши до крајот на 2027 година. Меѓутоа, како што кажав и претходно, се надевам дека тој процес ќе биде забрзан затоа што Универзална сала и тоа како ни е потребна“, истакна Костадиновска Стојчевска.

Таа додаде дека и ако се воспостави дека има штета,  осигурителната полиса, ќе ја покрие и градењето ќе продолжи. 

„Така што, остануваме на рокот кој го зацртавме за универзална сала да биде вратена назад на скопјани и на граѓаните на Република Северна Македонија,“ истакна Костадиновска Стојчевска.

Треба да знаете
Moже да ве интересира