Кривична пријава за двајца скопјани, силувале жена од Србија

СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава по брза постапка против А.М.(41) и Ј.Р.(34), двајцатa од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“ по член 186 од Кривичниот законик. 

Тие се сомничат дека на 17.07.2026 околу 21:45 часот покрај патот Горно Лисиче- Долно Лисиче со употреба на физичка сила и закани извршиле обљуба врз 32-годишна жена од Србија, со престојувалиште во Скопје. Тие се изведени пред судија на претходна постапка, кој им изрекол мерка времено одземање на патната исправа.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?