Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Лавров од утре во дводневна посета на Кина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се очекува утре да пристигне во дводневна официјална посета на Кина, соопштија одделенијата за надворешна политика на двете земји, цитирани од агенциите.

-Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на 8 и 9 април ќе престојува во дводневна официјална посета на Кина, при што се планирани разговори со неговиот кинески колега Ванг Ји, соопштија од прес-службата на Министерството за надворешни работи во Москва. 

Се додава дека за време на посетата „ќе се разговара за голем број прашања, меѓу кои и украинската криза и ситуацијата во азиско-пацифичкиот регион“.

Лавров последен пат го посети Пекинг во октомври. Кина е клучен економски и политички партнер на Русија. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира