Македонски филмови на Меѓународниот фестивал „Софија Филм Фест 2023“

Како дел од програмата на овогодишниот Софија Филм Фест ќе бидат претставени 7 филмови на Милчо Манчевски и еден филм на Теона Митевска.

Омажот на Милчо Манчевски започна на 10 март (петок) со неговиот дебитантски филм – и најсупешен наслов во неговата кариера – „Пред дождот“. До 18 март ќе бидат прикажани и „Прашина“, „Бикини Мун“, „Мајки“, „Сенки“, „Врба“ и „Кајмак“.

Режисерката Теона Стругар Митевска пред софиската публика ќе се претстави со нејзиниот најнов филм „Најсреќниот човек на светот“, со проекции на 23 и 24 март.

Треба да знаете
Moже да ве интересира